На 28-ми септември 2016 година Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира информативна средба за претставување на финансиски инструменти и фондови за поддршка на бизнисите од Пелагонискиот регион.
На оваа средба беше претставена WEBSEFF програмата под која Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредитни линии за партнер банки во Западен Балкан кои позајмуваат на бизниси и општини кои сакаат да инвестираат во енергетска ефикасност и мали проекти за обновлива енергија, каде инвестициите можат да добијат грант до 10% од износот на кредитот за инвеститорите од приватниот сектор или 15% за општините.
Исто на средбата се претставија Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ каде ја презентираа програмата и проектите за поддршка на приватниот сектор.
No comment yet, add your voice below!