На 19-ти септември 2016 година во канцелариите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа презентација на нацрт верзијата на Регионална стратегија за иновации. Изработката на регионалните стратегии за иновации се спроведува во сите плански региони со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РМ и Германското друштво за меѓународна соработка во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија”.
Изработката на регионалната стратегија за иновации има за цел стимулација на иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионите, преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата, притоа фокусирајќи се на развојот на МСП, а се изработуваше со вклучување на претставниците од јавниот сектор, приватниот сектор (стопански комори, кластери, бизнис асоцијации, компании итн.) истражувачки и образовни институции и граѓанскиот сектор.
На средбата беше презентирана нацрт верзијата на документот, а фокусот беше ставен на дискусија за стратешките цели, приоритети и мерки за реализација на стратегијата.
No comment yet, add your voice below!