Skip to content

Уредување на плоштад околу општинска зграда во Кривогаштани

ДАТУМ

јуни 29, 2016

Категории

Центарот за развој на Пелагониски плански регион денес на 29.06.2016 во Општина Кривогаштани, одржа прес конференција по повод реализацијата на проектот: Партерно уредување на Плоштад околу општинска зграда во Кривогаштани”

Со овој проект ќе биде извршено комплетно уредување на плоштадот со површина од 1.386м² околу општинската зграда на Општина Кривогаштани.

Околу целиот објект и сите пристапи кон парцелата ќе бидат изградени пешачки патеки обработени со терастоун плочки во сива боја, пропратени со тревници, ниско и високо зеленило. Патеки се пропратени со урбана опрема и тоа со прави и лачни клупи изработени од метал и дрво, метални корпи за отпад и канделабри за осветлување на целиот плоштад.

На централниот простор оформена е кружна пешачка патека со централно поставена цветна површина во форма на сонце, со цвеќиња во црвена и жолта боја. Низ цветната површина предвидени се пешачки патеки обложени со терастоун плочки во црвена и жолта боја, декоративно обработени да заедно со цветната површина формираат една целина.

Извршено ќе биде уредување на тревни површини со хортикултурно уредување, и ниско и високо зеленило со цветни површини во црвена и жолта боја.Тревните површини ќе бидат опремени со систем за наводнување и прскалки на целата површина која ќе се наводнува.

Во средишниот дел ќе бидат поставени 3 дворни чешми на различни позиции во парцелата. Пред главниот влез ќе се постават 3 метални јарболи со висина од 8-9 м поставени на армирано бетонски темел.

Исто така се реализира и паркинг простор за 27 паркинг места обработен со бехатонки, разделен на три позиции на различни страни на плоштадот.

Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на просторот, се оформува уреден пешачки простор и мини шеталиште се обезбедува доволен број на паркинг места. Содржините од овој проект ќе го збогатат и разубават центарот на Општина Кривогаштани и ќе допринесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Центарот за развој на Пелагониски плански регион го реализира проектот во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во мерката322 и неговата вкупна вредност изнесува 4.428.966 мкд со ддв

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy