На 27-ми мај 2016 година во Скопје свечено беше потпишан новиот Договор за поддршка на Бизнис Центарот во Пелагонискиот регион, помеѓу Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Целта на договорот е поддршка на Бизнис Центарот во насока на поттикнување на развојот на малите и средни бизниси, зголемување на конкурентноста помеѓу општините и планските региони и привлекување на нови инвеститори преку олеснување на пристапот до институциите и до услугите во регионот.
Бизнис Центарот ќе работи на обезбедување на информации за постоечките индустриски зони во регионот, слободни локации со нивни карактеристики и поволности кои ги нудат, водич за инветиции со стратешките цели на регионот за развој на одредени сектори, информативни настани за запознавање со националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој. А во наредниот период, со подршка на Министерството за локална самоуправа и ГИЗ, Бизнис Центарот ќе се фокусираа на подготовка на Регионална стратегија за иновации.
На овој свечен настан присуствуваа Министерската за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези, Директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, Државниот Секретар на МЛС, како и претставници на ГИЗ, УНДП и Бизнис Центрите на планските региони.
No comment yet, add your voice below!