Проектот за Реконструкција и адаптација на делови од регионалниот зелен пазар во Битола. Фаза 1 – Изградба на плато и канализација и Фаза 2 – Изградба на 6 павиљони, покривање на простор и електрика чиј носител е Центарот за развој на Пелагониски плански регион во партнерство во ЈП Пазари е во во полн тек.
Реконстуркцијата тече според предвидената работна динамика и работите на терен се одвиваат интензивно. Платото и канализацијата се веќе завршени и интензивно се работи на изведба на челичната конструкција за 6-те нови павиљони. Истовремено се работи на поставување на бетонски плочи на платото под павиљоните во вкупна површина 770 м² и поставување на бехатон плочки во вкупна површина од 280м² околу платото.
No comment yet, add your voice below!