Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 17-ти мај 2016 година во Хотел Милениум во Битола организира работилница за изработка на Регионална стратегија за иновации. Овој процес се спроведува во сите плански региони со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РМ и Германското друштво за меѓународна соработка во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија”.
Изработката на регионалните стратегии за иновации има за цел стимулација на иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионите, преку зајакнување на соработката помеѓу истражувачките центри и бизнис заедницата, притоа фокусирајќи се на развојот на МСП. Регионалните стратегии за иновации ќе се подготвуваат и имплементираат со вклучување на претставниците од јавниот сектор, приватниот сектор (стопански комори, кластери, бизнис асоцијации, компании итн.) истражувачки и образовни институции, како и граѓанскиот сектор.
Пристапот кој се применува во изработката на Регионалните стратегии за иновации е smart specialization, кој е главен елемент во иновативните полиси на ЕУ, и претставува насочување на иновациите кон карактеристичните и развиени индустрии во регионот за кој што има развиени човечки капацитети.
No comment yet, add your voice below!