Центарот за развој на Пелагониски плански регион ја заврши имплементацијата на проектот “Опремување на Младински културен центар во населено место Новаци”.
Со уредувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за реализација на настани од различен вид, културни, едукативни, забавни настани и собири.
Младинскиот културен центар ќе претставува катче за социјализација и креативно дружење на младите, но истиот ќе биде погоден и за различни настани наменети за сите возрасни групи на граѓани од општина Новаци. Со опремувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за активирање на младите во различни активности, настани и проекти кои ќе придонесат за унапредување на социјалниот и културниот живот во Општина Новаци.Поконкретно со проектот ќе се изврши комплетно внатрешно уредување на просториите на младинскиот културен центар во Новаци преку набавка и поставување на:- 22 работни бироа за повеќенаменска просторија, изработка и монтaжа на вграден плакар со димензии 585/25/60 cm во просторот наменет за КУД Новаци, набавка и монтажа на 28 метални ормарчиња за гардеробирање, канцелариски ормар од оплеменета иверка, изработка и монтажа на работна единица со 4 работни бироа со фиокари заедно со ѕидна облога со висечки ормарчиња и отворени полици, канцелариски ормари од оплеменeта иверка со димензии 640/240/45cm, изработка на работна единица во овална форма за 4 работни места и 4 фиокари со димензии 410/150cm, канцелариски ормар со димензии 245/240/40cm, изработка на работна единица со 2 работни бироа и фиокари со фисечки ормарчиња. Набавка на 3 самостоечки закачалки, изработка на парапетна полица, жардинера за цвеќе, огледала во машки и женски санитарии, набавка на 10 ергономски канцелариски столици, набавка на 34 фиксни столици соединети по 4 во ред и 44 столици со метална конструкција за повеќенаменска просторија, 4 столици за посетители без хидраулика, 10 клубски полуфотелји за посетители во ходник, 16 столици на метална констуркција обложени со еко кожа, 8 маси за високо седење, 5 клубски масички, набавка и поставување на 39 парчиња плафонски ЛЕД светла, изработка и поставување на ѕидни облоги со тапет на површина од 45m², изработка на ѕидни облоги со фурниран медијапан на површина од 20 m², набавка на 67m² панелни завеси за затемнување и трнаспарентни завеси, набавка и монтажа на 8m² вариолајт завеси од квалитетен материјал лесен за одржување, набавка на апаратура за презентации проектор и видео бим, набавка и монтажа на ѕидни декоративни тапети за површина од 53,5 m².
Вкупна вредност на проектот изнесува 2. 564.314 мкд со дд, финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во Република Македонија, мерка 321.
No comment yet, add your voice below!