Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион денес на 26.04.2016 година, одржа прес конференција по повод започнувањето на реализацијата на проектот: “Реконструкција на шеталиште во Демир Хисар”. Со проектот ќе се подобри безбедноста на пешаците, велосипедистите и сите граѓани на Општина Демир Хисар.
Ќе се модернизира изгледот на централното подрачје и ќе се унапредат условите за слободно и безбедно движење на граѓаните во овој регион бидејќи се работи за локација која излегува на регионален пат. Поконкретно, следните активности ќе бидат реализирани: Реконструкција на постоечко шеталиште во должина од 1325 м; Поставување на префабрикувани бетонски бехатон плочки во две бои со димензии 30 x 30 x 3.5 cm на површина од 2750 м² и вкупна должина 1325 м; Поставување на ивичњаци на двете страни по должината на патеката во должина од 2670м; Висинско нивелирање на капаци од постоечка инфраструктура, според нивелета на реконструираната пешачка патека; Висинско нивелирање на постоечки асфалтен тротоар на места на пешачки премин и крстосница; Позицијата вклучува отстранување на постоечки асфалт, нивелирање на подлогата, корекција на постоечки рабници согласно нивелетата на новопроектираната патека.
Носител на проектот e Центарoт за развој на Пелагониски плански регион, кој го реализира истиот во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ( Мерка 322) на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.359.412,15 мкд со ддв.
No comment yet, add your voice below!