Центарот за развој на Пелагониски плански регион започна со имплементација на проектот “Уредување и опремување на Дом на Култура- отворена сцена во м.в. Могила.
Овој проект е еден од 10-те нови проекти кои Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги реализира во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Вкупна вредност на проектот изнесува 4.355.604,00 денари (со ДДВ) и се реализира во рамките на мерката 321 на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Со проектот ќе биде изградена нова отворена сцена во Домот на Културата во Могила и нејзино комплетно опремување со најсовремена опрема и техника.
Поконкретно, следните активности ќе бидат реализирани:
Изградба на бина со партер и два пристапи; Изградба на објект со комплет електрика и опрема за потребите на сцената; Набавка на опрема за озвучување (микрофони, звучници, кабли, бас бин видео бим, сталаци за звучници, миксета); Набавка на 350 столчиња за публика
Имплементацијата на проектот ќе овозможи зголемување на бројот на посетители на културни настани во руралните средини што ќе го унапреди социјалниот живот во руралните средини и ќе придонесе за поттикнување на одржливиот рурален развој во Пелагонискиот регион.
No comment yet, add your voice below!