Центарот за развој на Пелагониски плански регион на 25 јануари 2016 година организираше промотивен настан за Претставување на можности за инвестирање во Пелагонискиот регион.
На промотивниот настан беше претставен Водичот за инвестирање со збирка на индустриски зони во Пелагонискиот плански регион, Програма за поддршка на приватниот сектор и веб страната www.investinpelagoniaregion.mk, изработени во рамките на проектот:
Проширување на функциите на центрите за развој на Планските региони во насока на спроведување на активности и услуги за поддршка на приватниот сектор , финансиран од Министерството за локална самоуправа на РМ. Главна цел на проектот е зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на претприемништвото и МСП во регионот.
На настанот свое обраќање имаа Претседателот на Советот на Пелагонискиот плански регион и градоначалник на општина Ресен г-дин Ѓоко Стрезоски, Претседателот на Регионалната стопанска комора во Битола г-дин Мирко Велковски и Директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, кои го истакнаа значењето на овие документи во насока на привлекување на повеќе инвеститори во регионот.
Овие документи имаат за цел да го олеснат пристапот до информации за потенцијалните домашни и странски инвеститори преку давање конкретни податоци каде има индустриски зони, слободни локации, нивни специфики и поволности кои се нудат во нив, како и идни планирани активности во регионот во насока на поддршка на приватниот сектор.
Овие изданија ќе бидат дисеминирани вo регионот и во државата, но и надвор од неа преку промоторите на РМ во другите земји, кои што ќе ги презентираат регионите пред заинтерсираните компании , со цел да се привлечат повеќе инвестиции, и секако преку веб страната која ќе биде главно средство за добивање на информации за карактеристиките , ресурсите и потенцијалите на регионот , како и за можностите за инвестирање во сите достапни греенфилд и брaунфилд локации во Пелагонискиот регион.
No comment yet, add your voice below!