Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот: “Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион” успешно го заврши процесот на подготовка на Програмата за работа на ИМРР за 2015-2017 година и Акциониот план за 2015-2016 година. Во рамките на овој процес беа одржани 3 работилници, на која членките на ИМРР дефинираа мерки и активности кои ќе се реализираат во наредниот програмски период.
Програма за работа на ИМРР за 2015-2017 година и Акциониот план за 2015-2016 година ќе бидат усвоени во текот на месец октомври и ќе бидат достапни на веб страната на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.Целта на проектот за воспоставување на ИМРР е унапредување на постоечката соработка помеѓу чинителите за регионален развој од сите сектори во Пелагонија ( бизнис, јавен и невладин). Проектот е технички и финансиски помогнат од страна на МЛС и Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП.
No comment yet, add your voice below!