Skip to content

Изградено речно корито на река Шемница општина Могила

ДАТУМ

декември 14, 2015

Категории

Центарот за развој на Пелагониски плански регион  на 14.12.2015 одржа прес конференција за промоција на Изградено речно корито на реката Шемница во Општина Могила.

Шемница е најзначајната притока на Црна Река во јужниот дел на Пелагонија. На неа е изградено Стрежевско езеро кое наводнува плодни земјоделски површини и обезбедува техничка вода за РЕК Битола.

Во долниот дел на нејзиниот тек, Шемница ја наводнува и плодната почва на полето помеѓу Битола, Новаци и Могила.

Уреденото корито ќе значи намалување односно точкасто елиминирање на можноста од излевање и поплави на Црна Река и нејзините притоки на квалитетно обработливо земјоделско земјиште. Со изградбата на коритото се придонесува кон зголемување на заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион и забрзување на неговиот севкупен развој, подобро управување со природните ресурси во регионот и намалување на ризикот од излевања на Црна Река и нејзините притоки и појава на поплави на земјоделско земјиште во регионот

Изградбата на коритото на река Шемница, Центарот за развој на Пелагониски плански регион ја реализираше во рамките на проектот: Регулирање на речно корито на река Црна и нејзините притоки кој се реализира со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој на РМ.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy