На 09 и 10 декември 2015 година во Битола, Центарот за развој на Пелагониски плански регион организира дводневна работилница за креација и промоција на туристички производи.
Работилницата претставува заеднички процес на креација и промоција на туристички производи а е наменета чинителите за развој и унапредување на културното наследство и туризмот од сите 9 општини од Пелагонискиот регион.
На настанот учествуваа претставници на 9-те општини од Пелагонија, претставници на културните институции, локално население, бизнис секторот и невладниниот сектор како и претсавници од партнерската организација од Мон сен Мишел Долна Нормандија
На работилницата гостите од Долна Нормандија го изнесоа своето искуство и постигнувања на темата, додавајќи и добри практики од областа на развојот на туризмот од Мон сен Мишел.
Со оваа работилница се унапреди процесот на размена помеѓу релевантните чинители за развој на оваа област. Во текот на процесот преку интерактивен пристап се дефинираа конкретни туристички производи кои понатаму би можеле да се развијат и промовираат пред потенцијалните домашни но и странски туристи.
Работилницата за креација и промоција на туристички производи се реализира во рамките на проектот Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет, поддржан од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
No comment yet, add your voice below!