На 29.10.2015 во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија во НУУБ Климент Охридски се реализира изложба во организација на Француската Алијанса од Битола. Темата на изложбата беше ”Lire en fete – читај и забавувај се” во чест на прослава на месецот на книгата кој се празнува во Франција. На изложбата беа изложени дела на дечиња кои го изучуваат францускиот јазик и ја запознаваат француската култура во Алијансата и во основните училишта во Битола.
Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Манифестацијата ќе заврши со настап на КУД Илинден и КУД Новаци во Новаци на 30.10.2015.
No comment yet, add your voice below!