На 15.10.2015 во новата сцена на Центарот за култура Битола со перформансот Sur Le Vif на театарската асоцијација Лолита Еспин Анадон од Долна Нормандија, беа отворени третите по ред Регионални денови на културата во Пелагонија. Битолската публика присуствуваше на едно часовен перформанс на модерен танц и израз преку движење и имаше можност да се запознае со еден вид на уметнички израз кој е многу популарен во модерната француска уметност.
Регионалните денови на културата се реализриаат во рамките на проектот : Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
No comment yet, add your voice below!