На 15 октомври (четврток) со почеток од 19:00 часот во Центарот за култура Битола ќе се отвори третото издание на Регионалните денови на културата во Пелагонија. Честа свечено да ја отворат манифестацијата ќе ја имаат гостинките од театарската асоцијација “Compagnie Lolita Espin Anadon кои доаѓаат од регионот Долна Нормандија а кои пред битолската публика ќе го презентираат перформансот Sur Le Vif.
Регионалните денови на културата ќе го опфатат целиот Пелагониски регион. Од 15 до 30 октомври во 9 општини ќе се реализираат културни настани од современата културна уметност но и настани кои ја негуваат традицијата и театарската уметност.
“Compagnie Lolita Espin Anadon ќе се претстават и пред прилепската публика со перформансот Sur Le Vif во Киното Мис Стон на 16 Октомври.
Во Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани и Могила фокусот ќе биде ставен на детската публика, и дечињата од овие општини ќе ја проследат претставата Вреќа полна желби на театарот Бабец. Ресенската и Крушевската публика, ќе имаат можност да поминат хумористична вечер со театарска уметност и комедија на Интимен театар во Ресен и станд ап настап на Никола Тодоровски во Крушево. Француската алијанса за љубителите на уметноста и француската кутура во Битола на 29 октомри ќе приреди изложба на тема: Читај и забавувај се – Lire en fête. КУД Илинден ќе настапи во Општина Новаци заедно со КУД Новаци.
Регионалните денови на културата во Пелагонија се програмски уредени и координирани од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Мрежата за културен развој на Пелагонискиот регион.
Манифестацијата се реализира во рамките на проектот Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
No comment yet, add your voice below!