Skip to content

ЦРППР во реализација на 10 нови капитални проекти одобрени во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

ДАТУМ

август 23, 2015

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион започнува со имплементација на 10 нови инфраструктурни проекти одобрени во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Проектите се од витално значење за Општините во кои се работат затоа што овозможуваат постоење на нови објекти со нова намена и нудат нови услуги кои досега не биле достапни,а се од директен бенефит за населението кое живее во руралните средини.

Реализацијата на проектите ќе овозможи адаптација на Дом за деца и млади во с. Кравари, опремување на Младински културен центар во с. Новаци, уредување и опремување на Дом на култура – отворена сцена во с.Могила, реконструкција на Дом на култура во с.Ропотово, изградба и реконструкција на Плоштад со шеталиште и зелена површина во Ресен, реконструкција на шеталиште во Демир Хисар, реконструкција на Плоштад, рекреативни и зелени површини во населено место Коњари, реконструкција и уредување на градски парк – Плоштад во Крушево и партерно уредување на Плоштад околу општинска зграда во Кривогаштани.

Исто така во рамките на оваа програма е одобрен и проектот за уредување на излетничкото место Сапунчица во атарот на с. Ниже Поле, кој е од регионален карактер, преку кој ќе се овозможи темелна реконструкција и комплетно реновирање со нова опрема на објектот Бачило, како и уредување на дворниот простор и дополнување со урбана опрема. Овај проект опфаќа и осветлување на скијачкиот центар Ниже Поле со што ќе се овозможат услови и за ноќно скијање.

Вкупниот износ на 10-те одобрени проекти е 1 милион евра.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy