На 07.05.2015 година во Битола, во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион беше одржан Првиот работен состанок на Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион.
Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион претставува облик на меѓуопштинска соработка која ќе обезбедува поддршка на општините, бизнис заедницата, невладиниот сектор, јавниот сектор и сите останати засегнати страни од Пелагонискиот регион во областа на регионалниот развој а со акцент на економскиот развој.
Членки на Интегрираната мрежа за регионален развој се 9-те општини од Пелагонискиот регион, Регионалните Стопански Комори од Битола и Прилеп, Занаетчиските комори од Битола и Прилеп, Локалните Акциони Групи на општините Могила, Ресен и Кривогаштани, Универизтетот Св. Климент и Охридски, Фондацијата ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА, Федерацијата на Фармери-подружница Прилеп и Здружението за одржлив урбан развој Архитектура и Амбиент.
На работниот состанок, во присуство на претставници на УНДП, Министерството за локална самоуправа и членките на мрежата, за Претседател на на Интегрираната мрежа за регионален развој беше избрана г-ѓата Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Исто така, на работниот состанок беше усвоен и Деловникот за работа на ИМРР, како и беше презентирана Методологијата за изработка на Програмата за работа на Интегрираната мрежа за регионален развој за 2015-2017 година.
Проектот “Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион” Центарот за развој на Пелагонискиот регион го реализира во соработка со 9-те општини во Пелагонискиот регион, а финансиски и технички е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на обединетите нации (УНДП).
No comment yet, add your voice below!