На 26-ти март 2015 година, во општините Ресен, Новаци и Кривогаштани, свечено беа отворени канцелариите на Локалните Акциони Групи Преспа, Пелагонија и Агро Лидер, каде официјално беше извршено и примопредавање на компјутерската опрема која ќе се користи за спроведување на активностите на Лаг-овите.
На свеченото отворање на канцелариите беа присутни донаторите на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот со високи претставници од нивните Амбасади, заменик Директор на мисија на Швајцарската развојна Агенција г-ѓа Катарина Штокер и Директорот на мисија на УСАИД г-дин Џејмс Стајн, имплементаторите на проектот Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, како и Градоначалниците на Општините во Пелагонискиот регион, претставници од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси и членовите на Лаг-овите.Пред ЛАГ-овите, како структури изградени од јавен, приватен и граѓански сектор, претстои процес на имплементација на проекти за подобрување на условите за живот во руралните средини, користејќи финансиски средства од ИПАРД програмата мерка 202, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на РМ мерка 413 за Реализација на стратегии за локален развој на руралните средини, како и од други донатори и програми.Трите Локални Акциони групи делуваат на територијата на Пелагонискиот регион: Лаг Преспа ја опфаќа територијата на Општина Ресен, Лаг Пелагонија ја опфаќа територијата на општините: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар и Лаг Агро Лидер ја опфаќа територијата на општините: Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево.
No comment yet, add your voice below!