На 28.11.2014 година во Хотел Милениум Битола, беше презентирана предлог Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2015 – 2019.На настанот присустни беа повеќе од 100 претставници на локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, јавниот, бизнис и невладиниот сектор.
На изработената предлог Програма за развој на Пелагонискиот плански регион и претходеа 6 работилници, кои беа одржани во период од два месеци и на истите учевство зедоа претставниците на локалните самоуправи од Пелагонискиот регион, јавниот сектор, бизнис и невладиниот сектор.На презентацијата поздравни обраќања имаа Заменик Министерот за Локална самоуправа г-дин Љупчо Пренџов, Градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески, Раководителката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, Регионалниот координатор на ГИЗ РЕД за Пелагонискиот регион г-ѓа Аница Палацо како и претставник од Европската Комисија г-ѓа Мојца Криспер Фигуероа.
За време на презентацијата учесниците имаа можност да ги искажат своите забелешки и мислења преку заедничка дискусија.
Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион се очекува да биде усвоена во текот на наредните месеци.
No comment yet, add your voice below!