Skip to content

ОГЛАС за ангажирање на Специјалист за развој во рамките на Проектот- Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион

ДАТУМ

ноември 14, 2014

Категории

Центарот за развој на Пелагонискиот регион објавува Oглас за ангажирање на Специјалист за развој за потребите на проектот “Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион”, финасиски поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации и Министерството за локална самоуправа.

Имплементатор на проектот: Центар за развој на Пелагониски регион Партнери на проектот:
Општините во Пелагонискиот регион: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани, Крушево, Долнени,
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА
Проектот е технички и финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

Центарот за развој на Пелагонискиот регион ги повикува сите заинтересирани и квалификувани лица да ги достават потребните документи согласно со долунаведените критериумите за избор на Специјалист за развој:
1.    Завршено високо образование,
2.    Претходно работно искуство на проекти,

Заинтересираните кандидати треба да достават:
1.    Копија од диплома за завршено високо образование,
2.    Мотивационо писмо,
3.    CV во европски формат ,
4.    Препораки за работно искуство на проекти доколку ги поседува.
Специјалистот за развој ќе биде ангажиран во периодот од Ноември 2014 до Септември 2015 година и истото ќе биде ангажирано со договор за повремени и времени работи (на проект).
Плата нето: 6.291,00 денари
Работни часови во неделата: 20, Работно време од 09:00-13:00, Работни денови од понеделник до петок.
Центарот за развој на Пелагонискиот регион го задржува правото да повика определен број на кандидати кои се пријавиле на огласот, на интервју.
Кандидатите своите документи треба да ги достават во печатена форма на следната адреса:
Центар за развој на Пелагониски регион
Ул. Томаки Димитровски, бр.7,
7000 Битола, Република Македонија
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  НА ОГЛАСОТ Е 5 РАБОТНИ ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ОГЛАСОТ односно до 17.11.2014 година
КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРАШАЊА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ( info@pelagonijaregion.mk) ПОВРЗАНИ СО ОГЛАСОТ Е 2 ДЕНА ПРЕД ИСТЕКУВАЊЕТО НА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ.

Опис на работни задачи – Превземи

Оглас – Превземи

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy