Денес на 14.10.2014 во хотел Кристал Палас во Прилеп се одржа промотивниот настан по повод потпишувањето на договорот од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Министерството за локална самоуправа и УНДП за воспоставување на Заедничко Работно Тело – Интегрирана Мрежа за регионален развој на Пелагонија .
Основната цел на Заедничкото Работно Тело- Интегрираната мрежа за Регионален Развој на Пелагонискиот плански регион е унапредување на постоечката соработка помеѓу чинителите за регионален развој од сите сектори во Пелагонија ( бизнис, јавен и невладин) преку воспоставување и администрирање на формално тело за соработка. Интегрираната мрежа за регионален развој на Пелагонија ги вклучува сите девет општини од Пелагонискиот плански регион (Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Ресен, Новаци, Крушево,Долнени, Кривогаштани и Могила). Директни корисници на проектот се економските оператори од регионот, регионални стопански комори, занаетчиски комори, невладините организации од регионот, Општините од регионот и нивните администрации особено секторите за локален економски развој. Воспоставувањето на Интегрираната мрежа за регионален развој е финансиски поддржано од страна на Програмата за локален развој на УНДП и Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија. Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Општините од регионот.
No comment yet, add your voice below!