Во рамките на регионалните денови на Културата во Пелагонија се одржаа изложби на ракотворби на ракотворците од здруженијата ЗУР Македонски ракотвроби од Битола и Здружението на жени ЦВЕТ од Крушево.На 23.09.2014 во Центарот за Култура Марко Цепенков во Прилеп се одржа изложба на ЗУР Македонски ракотворби од Битола.
Ракотворците од ова здружение имаа можност своите ракотврби да ги претстават пред граѓаните на Општина Прилеп а воедно и да го одбележат десеттиот роденден од своето постоење. Додека пак граѓаните на Битола имаа можност да ги видат ракотворбите во изработка на жените од Здружението на жени ЦВЕТ од Крушево кои со своја изложба се претставија на 26.09.2014 година во Центарот за Култура Битола.На изложбата на здружението на жени ЦВЕТ од Крушево гости им беа колегите членови на Здружението ЗУР Македонски ракотворби од Битола. На овој начин ракотворството како вид на културен израз се доближи до граѓаните на Пелагонија а воедно и се разменија искуства, контакти и се воспостави основа за понатамошна соработка.
No comment yet, add your voice below!