Во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот како дел од компонента 3 за Поддршка на соработката помеѓу Лаг-овите на регионално, национално и меѓународно ниво од 03 – 07 јули 2014 година беше реализирано студиското патување во Хрватска за Локалните Акциони Групи од Пелагонија.
Претставници од трите ЛАГ-ови од Пелагонискиот регион ЛАГ ПЕЛАГОНИЈА, ЛАГ АГРО ЛИДЕР И ЛАГ ПРЕСПА присуствуваа на Летниот Фестивал на ЛАГ-ови во Биоград на мору – Хрватска, каде имаа можност да се запознаат со претставници од повеќе од 50 Лагови од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Чешка, Литванија и други. Членовите од ЛАГ-овите имаа ретка можност да разменат позитивни искуства, да споделат голем број на добри практики и идеи за имплементирање на заеднички проекти.Фестивалот официјално беше отворен на 04 јули со богата музичка програма, а членовите од ЛАГ-овите имаа можност да ги претставуват своите локални и брендирани производи. Посетителите на одделни штандовите добиваа промотивни материјали, а кај дел од нив можеа да вкусат и традиционална храна и пијалоци.Како дел од програмата на Летниот Фестивал на ЛАГ-ови беше презентацијата на “ИПАРД мерката 202” која е нова мерка за користење на средства за ЛАГ-овите и прв пат е отворена за аплицирање во март оваа година во Хрватска. Исто така за претставниците на ЛАГ-овите беше организирано пловење со брод по Пашмански канал, каде имаа можност да се запознат со локалното население и да слушнат за богатата историја на тие места. На крајот на денот членовите на ЛАГ-овите од Пелагонија присуствуваа на презентација на ЛАГ ЛАУРА од Биоград , каде нивните членови им ги доловија почетоците на нивната работа, структурата на ЛАГ-от, реализираните проекти, идните планови итн.
No comment yet, add your voice below!