Од 11 – 16 јуни 2014 година во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот беа одржани последните 3 работилници за изработка на стратегии за трите Локални Акциони Групи: ЛАГ Преспа, ЛАГ Пелагонија и ЛАГ Агро Лидер.
На последната работилница беа дефинирани индикаторите, мерките и активностите кои произлегуваат од приоритетите и стратешките цели на Локалните Акциони Групи. Членовите на Лаг-овите со својата активност и ангажираност ги дефинираа своите потреби за територијата на секој ЛАГ, а со тоа успешно и продуктивно ја завршија и последната работилница. Како резултат на серијата работилници, кои беа одржани во претходните 4 месеци, за секоја Локална Акциона Група, ќе произлезе по една стратегија, која понатаму ќе биде клучна во работата на секој ЛАГ. Како дел од активностите на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот е и студиското патување во Хрватска, на ЛАГ Фестивалот, каде членовите на Лаг-овите од Пелагонискиот регион ќе имаат можност да споделат позитивни искуства и добри практики со повеќе од 50 Лаг-ови од Хрватска и околните земји. Исто така како последна активност за оваа година на ПеЛАГонија Леадер проектот е и тридневната обука за управување со проектен циклус каде членовите на Локалните Акциони Групи ќе имаат можност да ги зголемат своите знаења во областа на пишување, менаџмент, имплементација и евалуација на проекти.
No comment yet, add your voice below!