Skip to content

Учество на Центарот за развој на пелагонискиот регион на конференцијата културен политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици

ДАТУМ

јуни 6, 2014

Категории

Во рамките на проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”, Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со Регионалниот совет на Долна Нормандија (носители на проектната целина за “Културна политика и културна размена”) се  организира официјална посета на Долна Нормандија (градовите Каен и Шербур) и конференција на тема:

Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици.

Конференцијата е организирана во две тематски сесии.
Првата сесија под наслов: Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој на културата има за цел да ги претстави и дискутира постоечките модели на културни политики присутни на двете територии и преку една компаративна анализа (земајќи го во предвид различниот социо – културен контекст) да  се согледаат предизвиците и можните модели за развој на културата на регионално ниво.
Втората сесија има за цел преку студија на случаи, конкретни проекти, акциони планови итн. да презентира и отвори дискусија за постоечките и можни начини на имплементација на културните политики на одредена територија. Оттаму, излагачите ќе се обратат на публиката во две тематски рамки насловени:
1. Имплементација на јавни културни политики на ниво на одредена територија.
2. Проекти и инструменти за развој на културата на ниво на одредена територија
Конференцијата ќе биде отворена со воведното излагање на: г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател  на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“ и г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Р. Македонија.
Конференцијата во Каен е продолжение на конференцијата што се одржа во Скопје (Мултимедијален центар Мала Станица) на 15 септември 2009 година на тема: Децентрализација на културата во Република Македонија и Франција/Регион  Долна Нормандија.
Со оваа конференција се заокружува првиот тригодишен циклус на проектната целина за “Културна политика и културна размена” од проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”. Вториот тригодишен циклус од проектот (2010-2013) стартува во октомври.

Гости и учесници на конференцијата од Македонија се: Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола, Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за нормативно – правни, управни и имотно – правни работи при Министерство за култура, Горан Петров, Градоначалник на Велес, Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп, Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола, Тони Чатлески, Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп, Ирена Андреевска, Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО, Зоран Илиевски, Директор на СЕГА – Коалиција на младински организации, како и Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова) програмски уредници на конференцијата) и Радмила Станојевска од Локомотива. Настанот медиумски го покрива Телма ТВ (Нина Стефанова и Јане Марковски).

Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy