На 5 јуни 2014 година (четврток), во Зоолошката Градина во Битола беше одржана прес конференција за реконструкција на Зоолошката Градина во Битола. Реконструкцијата на Зоолошката Градина Битола е финансирана во рамките на проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – Зоо Иноватива “
, кој се реализира во рамките на ИПА -Програмата на Европска Унија за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција. На Прес конференцијата беа присутни и се обратија: заменик министерот за локална самоуправа на Р. Македонија, г-дин Ѓоргија Сајкоски, градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, грчката конзулка, г-а Елени Порихи, заменик градоначалникот на општина Лерин, г-дин Арис Аристоду, Раководителката на ЦРППР, г-а Емилиа Ѓероска и Директоркот на Зоолошката Градина во Битола, г-дин Коста Нешковски. Во рамките на овој проект, предвидена е инвестиција од околу 400.000, 00 евра со кои ќе се реконструираат 6 живеалишта во ЗОО Битола, и тоа: лисица и ракун, мајумуни, мечка, рис и тигар, лав и фарма за домашни животни, како и 2 комплементари објекти: Порта и Билетара. Живеалиштата ќе бидат израдени согласно со стандардите и препораките на Европската Асоцијација на Зоолошки и Аквариуми- ЕАЗА, во која Зоолошката Градина има статус на кандидат за членство.
No comment yet, add your voice below!