Skip to content

Започна реализацијата на проектот “Изведба на електрична инсталација за осветлување на регионалната клучка “Макази” на регионалниот пат А – 3 на делницата Битола – Ресен”

ДАТУМ

јуни 4, 2014

Категории

Започна реализацијата на проектот “Изведба на електрична инсталација за осветлување на регионалната клучка “Макази” на регионалниот пат А – 3 на делницата Битола – Ресен”, на 04.06.2014 во Општина Ресен, отпочнаа првите акивности во рамките на овој проект.

Активностите во рамките не проектот се финансирани од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој на РМ во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2014 година.Клучката Макази е многу фреквентна бидејќи преку неа се одвива сообраќајот од Битола кон населените места кон селото Претор до грчката граница, населените места кон селото Стење до границата со Р. Албанија и према Охрид. Со ова, проектот  покрај регионално, има и меѓународно значење за нормално и непречено одвивање на сообраќајот кон посочените правци.Локацијата на проектот има регионално значење за Пелагонискиот Плански Регион имајќи ја во предвид близината на Преспанското Езеро како единствен голем природен воден ресурс во регионот погоден за туризам, оддалечено 12 км од локацијата на проектот. Проектот има локално значење за општините Ресен и Битола во смисла на надградба и осовременување на меѓуопштинската соработка преку добивање на модерена сообраќајница – една од најважните активности за квалитетна економска размена. Осветлувањето на посочената сообраќајна клучка ќе го зголеми квалитетот и безбедноста на сообраќајот на патниот правец А-3 од Битола кон Ресен и Охрид како и кон граничниот премин кај с. Стење кон Република Албанија, а исто така и кон Р. Грција со најавеното отворање на малограничниот премин Маркова Нога.Во рамките на проектот поставени ќе бидат 30 канделабри со полна снага (250+30W).
Со реализацијата на проектот квалитетот на животот значително ќе се подобри од безбедносен, сообраќаен и естетски аспект. Со урбанизирањето, уредувањето и осветлувањето на сообраќајната клучка ќе се зголемат и естетските вредности на квалитетот на живеење на граѓаните од двете општини Ресен и Битола.
Вкупната инвестиција е во висина од 1.639.295,00 денари.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy