Во средата на 14.05.2014 во Општина Кривогаштани отпочна реализацијата на завршната фаза од изградба на паркингот на сточниот пазар во Општина Кривогаштани.Активностите на овој проект се финансирани од Центарот за развој на Пелагонискиот регион преку
Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој во 2014 година.Со изградбата на паркингот и со изградбата на сточниот пазар ќе се комплетира една функционална целина на овој значаен економско-трговски комплекс во Општина Кривогаштани. Процесот на изградба на паркингот траеше неколку години. Започна преку изработка на техничка документација, исто така финансирана од ЦРППР преку МЛС и БРР, за откако истата беше комплетирана да се премине кон нејзина реализација.Вкупно, ЦРППР преку Програмата за регионален развој на РМ во сточниот пазар во Кривогаштани има инвестирано повеќе од 4.000.000 денари.Очекуваните резултати од изградбата на паркингот односно целиот комплекс на сточниот пазар се зголемена трговска активност и придонес кон развојот на економијата во микрорегионот Кривогаштани, Крушево и Долнени.
No comment yet, add your voice below!