Центарот за развој на Пелагонискиот регион учествуваше на првата Конференција за територијална соработка организирана во рамките на грчкото претседателство со Советот на Европа а по повод Денот на Европа.
Целта на Конференцијата беше да се разменат и промовираат искуства од досегашната имплементација на програмите за територијална соработка кои се реализираат низ Европската Унија но и помеѓу земјите-членки и земјите кандидати за членство во ЕУ. За време на Конференцијата беше организирана тркалезна маса на која се говореше за перспективите на идната територијална соработка во рамките на планирачкиот период 2014-2020 година како и потребата од синхронизација на територијалните програми со ЕУ Агендата 2020.На Конференцијата беа споделени конкретни искуства од имплементација на проекти и програми од сите стратешки развојни области на ЕУ како што се: животна средина, економски развој и отворање на нови работни места, иновации и претприемништво и заштита на здравјето на луѓето.
No comment yet, add your voice below!