На 29 и 30 Април 2014 година, во Лерин, се реализира заеднички тренинг за заштита на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин. На овој заеднички тренинг учествуваат вработените во општинските администрации во секторите на заштитата на животната средина од двата прекугранични региони.
Главната цел на проектот “ Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин” е придонес кон заштитата на животната средина и природните ресурси во прекуграничниот регион.Општинските административци од Пелагониско/ Леринскиот регион имаа можност заеднички да дискутираат за заштитата на животната средина во прекуграничниот регион, да споделат заеднички искуства, како и да иницираат заеднички соработки во иднина во оваа област.Учесниците на тренингот имаа можност да го посетат Центарот за едукација и заштита на животната средина во Веви- Лерин како и Регионалната депонија во Кожани.Овој заеднички тренинг се одржува во рамките на проектот „ЗООИНОВАТИВА“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.
No comment yet, add your voice below!