Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, 22 Април, Денот на Планетата Земја го одбележа и со поситетелите во Зоолошката градина Битола.На посетителите кои беа присутни им беше доделена и промовирана едукативната боенка за животните која е развиена во рамките на Проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин- ЗОО ИНОВАТИВА“.
Боенката е наменета за децата од предучилишна возраст, а примена може да најде и во одделенската настава. Преку боенката, децата ќе имаат можност да научат повеќе за животните, за важноста на заштитата на биолошката разновидност, креирање на позитивни ставови за животните и нивната заштита.
No comment yet, add your voice below!