Skip to content

Одржани дополнителни обуки за собирачи на печурки, ароматични и лековити билки и шумски плодови во Општина Демир Хисар

ДАТУМ

април 5, 2014

Категории

Во рамките на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, спроведуван од Карана Корпорација, во соработка со Општина Демир Хисар и ЈП Македонски Шуми, Центарот за развој на Пелагониски плански регион на ден 05.04.2014 година организираше дополнителни бесплатни обуки за собирачите на печурки, ароматични и лековити билки и шумски плодови во две населени места во општина Демир Хисар, по барање на локалното население од овој регион.

Целта на овие обуки беше да се понуди конкретна поддршка на засегнатите страни во тој сектор за создавање на нови можности за работа на населението и остварување на дополнителни приходи преку искористување на потенцијалот на регионот, како и за правилно селектирање и собирање на одредени билки и плодови заради нивно подобро распознавање, следливост и одржливост. Дополнителните обуки беа одржани во селата Стругово и Журче, а посетеноста беше многу поголема од очекуваното. Обуката  ја спроведе ПРО БИО консултантска куќа за органско земјоделство и рурален развој од Скопје. Како и претходниот пат на собирачите кои присуствуваа на овие обуки ќе им се доделат Сертификати за одржливо собирање на ароматични и лековити билки, растенија, лишаи, габи и шумски плодови, кој е признат од ЈП Македонски шуми.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy