Skip to content

Студиско патување во Брисел

ДАТУМ

март 24, 2014

Категории

Во периодот од 24-27 март, претставници на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, на покана на Делегација на Европска Унија во Република Македонија учествуваа на студиско патување во Брисел, Белгија, на тема Регионално управување со отпад.

Целта на студиското патување беше да се разменат искуства во делот на управувањето со отпад помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија како и да се разгледаат тековните и идните предизвици во воведувањето на регионалниот пристап при третирањето на отпадот согласно директивите на ЕУ и националните законодавства на земјите кандидати за членство во ЕУ.
На студиското патување покрај Република Македонија, свои претставници имаа и Република Албанија, Косово, Република Србија и Босна и Херцеговина.
Покрај теоретскиот дел, за време на престојот во Брисел, учесниците имаа можност да видат и како практично изгледа управувањето со отпадот по европски стандарди, преку посетата на јавно меѓуопштинско претпријатие кое едновремено е собирен центар за отпад, фабрика за производство на компост и кое на местото на старата депонија има изградено колекторска постројка за производство на електрична енергија од сончева светлина.
Согласно законската регулатива во РМ и согласно одлуката на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпадот во Пелагонија, Центарот за развој на Пелагонискиот регион ќе биде регионалниот центар кој ќе биде одговорен за воведувањето и упраувањето со отпадот во Пелагонија.
Знаењата стекнати за време на студиското патување ќе бидат од огромна корист при имплементацијата на овој концепт во Пелагонискиот регион.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy