На 16.01.2014 година, Центарот за развој на Пелагонискиот регион и Програмата за регионален развој на РМ на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ РЕД), потпишаа договор за соработка преку имплементација на регионални проекти финансирани во рамките на Грантовата шема базирана на резултати.
Грантовата шема беше отворена кон средината на 2013 година и истата беше наменета за Центрите за регионален развој во Република Македонија.Следејќи ги правилата на отворениот повик, низ процес на идентификација, селекција и приоретизација, Центарот за развој на Пелагонискиот регион и Советот за развој на Пелагонискиот регион идентификуваа 15 проeктни идеи од кои седум беа развиени во проектни апликации и поднесени во рамките на повикот.По финалната евалуација од страна на донаторот, шест проектни апликации беа прифатени за финансиска поддршка:
1. Подготовка на техничка документација за изградба на обиколница околу градот Крушево,
2. Подготовка на техничка документација за изградба на пат од Рапеш до Стaравина,
3. Подготовка на техничка документација за изградба на индустриска зона Славеј,
4. Подготовка на техничка документација за изградба на пристаниште во Претор,
5.Подготовка на техничка документација за изградба на пат од Стровија до Богомила,
6. Подготовка на техничка документација на изградба на пречистителна станица во општина Демир Хисар.
Вкупната вредност на одобрените проекти е 3 000 000 МКД.
Нивната реализација се очекува да заврши кон средината на 2014 година.
No comment yet, add your voice below!