Во четвртокот и петокот на 12 и 13 декември во Битола во организација на Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања на РМ во соработка со Министерството за локална самоуправа на РМ и Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа дводневна обука на тема Вовед во ИПА.
Обуката беше наменета за претставници на Општините од Пелагонискиот регион и Центарот за развој на Пелагониски плански регион.На обуката во текот на двата дена беа детално опфатени сите инструменти за претпристапна помош на ЕУ и сите можности и начини за искористување на претпристапните фондови наменети за Р. Македонија. За време на обуката објаснет беше и начинот за пополнување на проектните апликации, формирање на логичка рамка и основните правила и принципи во аплицирањето за искористување на европските фондови.
No comment yet, add your voice below!