Skip to content

Промоција на Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот плански регион 2013 – 2016

ДАТУМ

декември 4, 2013

Категории

На 04.12.2013 во просториите на Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа промоција на Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот плански регион 2013 – 2016. Промоцијата ја организираа Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Локомотива  – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

На истата присутни беа членовите на Мрежата за развој на културата во Пелагонискиот регион.
Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот регион 2013 – 2016 се реализира во рамки на работата на оската за културни политики од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Програмата е финансиски поддржана од страна на Министерството за надворешни работи на Република Франција и е координирана од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија АЛДА.
Визијата на Стратегијата е Пелагонискиот регион е европска културна и туристичка дестинација, каде културата е ресурс на знаење и иновација, кој придонесува за социјална интеграција и економски развој, додека мисијата на Стратегијата е Регионално поврзување на културните чинители и жителите на заедниците заради промоција на културниот идентитет, наследството и туризмот во Пелагонискиот регион, преку искористување и јакнење на неговите капацитети и содржини.
Стратешки цели за развој на културата во Пелагонија согласно Стратегијата за развој се :
1.    Развој на професионални капацитети
2.    Развој на локалните културни политики
3.    Вмрежување и развој на меѓуопштинската и интернационална соработка
4.    Интерсекторска соработка и развој на културен туризам.

Партнери на оската за културни политики се Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Македонија) и областа на заливот Мон Сен Мишел (Долна Нормандија). Локален партнер на Локомотива во реализирање на активностите на оската за културни политики е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Стратегијата за културен развој на Пелагонискиот плански регион 2013 – 2016 е достапна за симнување на страната на Центарот за развој на Пелагониски плански регион www.pelagonijaregion.mk

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy