Skip to content

Одржани обуки за собирачи на печурки, ароматични и лековити билки и шумски плодови во Општина Демир Хисар

ДАТУМ

ноември 17, 2013

Категории

Во рамките на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, спроведуван од Карана Корпорација, во соработка со Општина Демир Хисар и ЈП Македонски Шуми, Центарот за развој на Пелагониски плански регион во периодот од 15 до 17 ноември 2013 година организираа бесплатни обуки за собирачи на печурки, ароматични и лековити билки и шумски плодови во неколку населени места во општина Демир Хисар.

Целта на овие обуки беше да се понуди конкретна поддршка на засегнатите страни во тој сектор за создавање на нови можности за работа на населението и остварување на дополнителни и постабилни приходи преку искористување на потенцијалот на регионот. Проектот опфати пет еднодневни обуки во селата: Смилево, Стругово, Сопотница, Слепче и Слоештица, за собирање на печурки, билки и шумски плодови, на кои собирачите дополнително се информираа за правилно селектирање и собирање на одредени билки и плодови заради нивно подобро распознавање, следливост и одржливост, како и можноста за остварување на дополнителни приходи. Обуката  ја спроведе ПРО БИО консултантска куќа за органско земјоделство и рурален развој од Скопје. На собирачите кои присутвуваа на овие обуки ќе им се доделат Сертификати за одржливо собирање на ароматични и лековити билки, растенија, лишаи, габи и шумски плодови, кој е признат од ЈП Македонски. Исто така со поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси ќе бидат подготвени и прирачници за собирање на печурки, билки и шумски плодови специфични за овој регион.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy