Skip to content

Одржана шестата обука во рамки на проектот Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија

ДАТУМ

ноември 7, 2013

Категории

Во Четвртокот на 07.11.2013 година во Битола  во Хотел Милениум се одржа шестата и завршна обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”,

финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион.Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина. Присутните беа поздравени од Директорката на ЦРППР г –ѓа Емилиа Ѓероска,  која им го претстави проектот неговата вредност за Пелагонискиот регион  и неговото значење како пилот проект од овој тип .  Понатаму обуката преку практични примери и презентации беше спроведена од страна на експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy