Во Средата на 06.11.2013 година во Општина Могила се одржа петтата обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”,
финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион. Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина.Присутните беа поздравени од претставник од ЦРППР кој им го претстави проектот во кратки црти а понатаму обуката преку практични примери и презентации беше спроведена од страна на експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.
No comment yet, add your voice below!