Во Понеделникот на 04.11.2013 година во Општина Долнени се одржа третата обука во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија”, финансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање а имплементиран од Центарот за развој на Пелагониски плански регион.
Главната цел на проектот е да се информира населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористувањето на биомасата за добивање на енергија, можноста за намалување на трошоците во домаќинствата и зачувувањето на животната средина. Присутните беа поздравени и од претставник од ЦРППР а понатаму за обучувањето и едукативната компонента на обуката беа задолжени експерти за искористување на обновливи извори на енергија од ЦеПроСард Скопје.
Присутните пројавија интерес за темата и преку прашања и отворена дискусија имаа можност да добијат одговори и информации за темата на искористување на биомаса.
No comment yet, add your voice below!