Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 31-ви октомври 2013 година започнува со одржување на обуки во рамките на проектот “Подигнување на свеста на населението во руралните средини на Пелагонискиот регион за искористување на биомасата за добивање на енергија”.
Во рамките на овој проект се предвидени 6 обуки: 31 октомври во општина Кривогаштани, 1-ви ноември во општина Новаци, 4-ти ноември во општина Долнени, 5-ти ноември во општина Ресен, 6-ти ноември во општина Могила и 7-ти ноември во општина Битола.Целта на проектот е да се информира населението во руралните средини во регионот за можностите за искористување на биомасата за добивање на енергија од аспект на намалување на трошоците во домаќинствата и зачувување на животната средина. Проектот се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
No comment yet, add your voice below!