На ден 24.10.2013 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот регион се одржа состанок на Платформата за соработка на туристичките чинители од Пелагонискиот регион. На состанокот беа присутни вработени во одделенијата за локален економски развој од Општините во Пелагонискиот регион и вршители на туристичка дејност во Пелагонискиот регион.
Целта на состанокот беше презентација на Формуларот за аплицирање, Упатството за апликантите и Критериумите за евалуација кој се објавени во рамкиот на јавниот повик за доделување на финансиска поддршка на вршителите на туристичка дејност од мал обем во Пелагонискиот регион наменети за достигнување на стандардите во работењето. Состанокот на Платформата за соработка на туристичките чинители од Пелагонискиот регион беше организиран како дел од проектот “Имплементација на законската регултива за категоризација на туристичко-угостителски објекти во Пелагонискиот регион”.
No comment yet, add your voice below!