На ден 24.10.2013 година со почеток во 11:00 ч, во просториите на Регионалната Развојна Агенција на Лерин – АНФЛО беше одржан седмиот работен состанок на проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ”Зоо Иноватива”.
Присутни беа претставници од сите 5 партнери на проектот. На работниот состанок се разговараше за напредокот на проектот и за активностите кои се предвидени во идниот период, согласно работниот план на Зоо Иноватива. Сите партнери едногласно го прифатија предлогот за текот на понатамошната имплементација на проектот
No comment yet, add your voice below!