Skip to content

Одржана дводневна работилница за проектот Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителските објекти во Пелагонискиот регион

ДАТУМ

октомври 21, 2013

Категории

На ден 21.10.2013 година во Битола започна дводневната работилница за имплементација на содржината на Правилникот за категоризација на објекти, каде учество зедоа 30 понудувачи на туристички услуги од Пелагонија и вработени во одделенија за локален економски развој од општините во Пелагонискиот регион.

На првиот ден од работилницата беа претставени целите и планираните активности на проектот ”Имплементација на законската регулатива за категоризација на турстичко-угостителски објекти во Пелагонискиот регион”, законската регулатива за категоризација на објекти, како и прегледот на постоечките состојби во туризмот во Пелагонискиот регион (статистички податоци, потенцијали, предизвици). На вториот ден од работилницата повеќе внимание се посвети на Правилникот за категоризација на туристичко-угостителски објекти од мал обем, пропратните документи потребни за категоризација на угостителските објекти и постапката на вршење на категоризација на угостителски објекти од мал обем. На крајот од работлницата, присутните добија информација за објавениот јавен повик за добивање на финансиска поддршка, со цел достигнување на постоечките стандарди и нивна категоризација. Јавниот повик е објавен во склоп на проектот за “Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителските објекти во Пелагонискиот регион”.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy