Во рамки на проектот “Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија /Лерин – Зоо Иноватива”, се одржа дводневно студиско патување во Зоо Љубљана на кое учесници беа волонтерите од Зоо Битола и тимот на проектот Зоо Иноватива. Студиското патување се реализираше помеѓу 7 и 8 окотмври 2013 год.
Персоналот на Зоо Љубљана им посака топло добредојде на 10 те учесници на студиското патување и овозможи продуктивна и едукативен престој.Низ дневните тури, запознавањето со историјата на Зоолошката градина во Љубљана и секојдневните работни задачи, нашите волонтери работеа рака до рака и учеа од волонтерите во Зоо Љубљана како да направат посодржаен, поквалитетен и поедукативен престој во Зоолошката Градина во Битола.За време на посетата дискутирни и претставени беа и едукативните тури кои успешно се имплементирани во Љубњанската Зоолошка Градина, придобивките од членството во ЕАЗА како и можностите за размена на животински видови помеѓу двете институции.Учесниците на патувањето се стекнаа со нови идеи и знаења што ќе бидат пренесени во работата на Зоолошката градина Битола.
No comment yet, add your voice below!