Во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 16 јули 2013 година во Ресторан Вито во Ресен се одржа вториот координативен состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)” организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација.
На состанокот членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Ресенскиот микро регион го потпишаа Меморандумот за разбирање за формирање на локално јавно – приватно партнерство, со што потписниците потврдија дека сакаат да учествуваат во формирањето на Локалната Акциона Група, како партнерство формирано според принципите на ЕУ ЛЕАДЕР, составено од јавен, приватен и граѓански сектор. На средбата се дискутираше за можниот број на членови, за седиштето на партнерството и за планот за комуникација помеѓу членовите. До крајот на првата фаза од проектот, ќе се одржи уште еден координативен состанок во секој од трите микро региони на Пелагонија.
No comment yet, add your voice below!