На 27 Јуни 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира координативен состанок за : “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”, во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”
Учесниците на оваа средба кои се и потенцијални членовите и основачи на Локална Акциона Група од Прилепскиот микро регион го дискутираа Меморандумот за разбирање за формирање на локално јавно – приватно партнерство како неформална организација според принципите на ЛЕАДЕР пристапот, го дефинираа името и визијата и ги поставија специфичните цели на партнерството. Овој состанок е прв од трите планирани состаноци кои ќе се организираат во трите микро регион во Пелагонија во наредниот период во рамките на проектот. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.
No comment yet, add your voice below!