Центарот за развој на Пелагонискиот регион на 06.06.2011 организираше регионална презентација на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион во Лерин, соседна Република Грција. Гости на презентацијата беа претставници на бизнис секторот од регионот на градот Лерин и неговата поширока околина.
Исто така, гости на презентацијата беа г. Јоанис Воскопулос, Градоначалник на Лерин, г. Лазар Котевски Градоначалник на општина Новаци, г. Славко Велески Градоначалник на општина Могила, г. Абдула Бајрамоски Градоначалник на општина Долнени, г. Арис Аристиду претседател на Стопанската комора во Лерин, и г-ѓа Зета Ризу директор на регионалната развојна агенција АН.ФЛО од Лерин.
Пред присутните гости беа презентирани деветте индустриски зони во регионот на Пелагонија, нивните карактеристики, намени, цели и предности. Покрај индустриските зони, беа презентирани и компаративните предности и инвестициските потенцијали на секоја од општините во регионот, поточно даночните олеснувања, стимулациите, и поддршката која општинските администрации ја нудат за потенцијалните инвеститори во однос на добивањето на потребната документација и обезбедувањето на сите потребни информации кои се поврзани co инвестицискиот циклус.
По завршувањето на формалната презентација, гостите градоначалници од Пелагонискиот регион и Градоначалникот на Лерин заедно со другите присутни остварија неформален разговор за време на коктелот на кој беше разговарано за можностите за соработка помеѓу двете држави и особено помеѓу двата региони, не само во однос на бизнис соработката туку и при искористувањето на средствата достапни од фондовите на Европската Унија.
No comment yet, add your voice below!