Во четвртокот на 23. 05. 2013 година на плоштадот Гоце делчев во Битола, беше одржан отворениот ден во рамки на проектот “План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар- FIRESHIELD”. Овој проект е финансиран од инструментот за претрпистапна помош на Европската Унија, програма за прекугранична соработка за Р.Грција – Р.Македонија 2007- 2013.
Гостин на овај настан беше унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце. Граѓаните на Битола на овој отворен ден имаа можност да присуствуваат на показна вежба од страна на пожарникарите од територијалната против пожарна единица Битола. Исто така на овој настан беа презентирани оделата, хидрантите и инфотаблите добиени во рамки на проектот FIRESHIELD.
No comment yet, add your voice below!